Пежо во игра да го преземе Опел од Џенерал Моторс
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2017
ПСА Групацијата и Џенерал Моторс се во напредни разговори за францускиот производител Пежо да го преземе Опел кој Американците го раководат на европско тло. Засега е предвидено доколку се склучи договор Пежо да ги преземе операциите во британски Воксхол.
На овој начин ќе се продолжи со воспоставената соработка на заедничко производство на комбиња и теренски возила. Засега финансиски детали не се откриваат, ниту пак кои модели први ќе ги преземе Пежо.