25 Април, 2024
0.0383

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Објавено во: Колумни 09 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Односите со јавноста (PR-от) се една од можеби најпопуларните професии во денешно време, но истовремено и професија за која луѓето имаат погрешни перцепции. Експертите за Односи со Јавност ги нарекуваат креатори на јавно мислење, пропагандисти, лобисти, спин доктори, манипулатори, спасители, портпароли,итн.

Обичните луѓе не прават разлика меѓу портпарол, експерт за протокол, модератор или специјалист за односи со јавност, односно сите тие за нив се ПР.

Според нив поранешната Влада имала агресивен ПР, постојана присутност во медиумите (за секакви важни или неважни работи) бомбардирајќи со постигнувања кои во реалноста и за обичните луѓе не значеа ништо, напротив предизвикуваа револт. *Пример Македонија на највисокo место на листата на Doing business, а реално имаме невработени, слаба економија, ниски плати. Се наметнува прашањето дали тоа било Пи- ар. ПР-от не подразбира само пласирање на информации, туку стратегија за тоа што, дали и како да се каже.Односно, од информацијата да има интерест поголема група на луѓе. Се друго влегува во категоријата пропаганда.

Сегашната пак Влада според податоците што „Макфакс“ ги доби од институциите преку барање за слободен пристап до информациите има најмалку 120 лица во Владата и во министерствата кои работат односи со јавност, пи-ар и комуникации. А Владата нема некоја голема присутност во медиумите и јавноста (и така треба да биде, животот и не треба толку да се врти околу политиката и политичарите... повеќе да се работи, помалку да се фали!

Е сега, дали добро се работи, тек ќе видиме.

Но, тука би сакал да упатам мало појаснување до сите оние кои работат ПР, но и оние кои ги користат нивните услуги.

Експертот за ПР не треба да е само пренесувач  на туѓи  ставови и мислење, туку креатор на јавно мислење, оној кој дава идеи. Кој креира стратегии, политики, информации во интерес на јавноста. ПР-от не може да го смени воздухот во градот, но може да информира што се се прави на таа тема, да настојува и да сугерира на вакви и слични теми да се посвети поголемо внимание. ПР-от треба да содржи општествено корисни информации кои носат бенефит за пошироката јавност, која кога ќе ја прочита информацијата да почувствува дека знае нешто повеќе кое ќе му помогне во животот. Добриот ПР е win-win ситуација.

Но, Добриот ПР експерт знае да каже и ,, НЕ,,, да се спротивстави, да каже нешто што може и да не им се допадне на оние кои го ангажираат. На својот премиер да му каже дека греши, дека тоа што го прави не е добро, ..не сугерира лажење на јавноста, туку транспарентност и отвореност. Советува дека не е слабост да се признае грешка, да се понуди извинување на јавноста, да објасни зошто тоа се случило, ги гледа работите долгорочно.

Портпарол е само техничко лице кое пренесува одредени ставови во јавноста кои треба да се подготвени токму од специјалистите за односи со јавност. 

Но, треба да се знае дека PR експерти за сѐ не постојат. Не може секоја област да ти лежи. Затоа постои политички ПР, бренд, корпоративен, спортски, персонален, технолошки и други типови. ПР-от не е copy, paste професија. Експертизата на експертот за односи со јавност базира на неговите длабински знаења на одредена професија и област, надградена со познавање на ПР техниките и алатките, и пред се на неговото искуство, лични познанства со медиумите и стручната јавност.

Лицето одговорно за односи со јавност ако сака да биде добар во она што го работи, треба во,, сржта,, да ја познава проблематиката во која се инволвира, да има однос на целосна доверба со надлежните (клиентот), да знае за активности и работи што можеби само првиот човек на институцијата/компанијата ги знае, и ретко кој друг.

Суштината е дека, тој треба да креира релации, да иницира теми, активности, а не да биде само извршител. Да анализира што и е потребно на јавноста, и да бара начини како да помогне.

И секако најдобрите ПР практики и искуства произлегуваат кога постои длабок однос на доверба меѓу клиентот и специјалистот за односи со јавност. Кога тие комуницираат на еднакво ниво, имаат партнерски однос,  кога нема страв  и ароганција (јас те плаќам, ќе правиш како што ќе ти кажам!). Само во такви услови ПР-от може да напредува, да биде мотивиран и да дава најдобри совети. Доколку ова не постои, ПР-от е само егзекутор (и не е ПР експерт) на одредени (наметнати) решенија кои најчесто не се интересни ниту за медиумите, уште помалку пак за пошироката јавност, и реално не може да придонесе повеќе.

,,Односите со јавноста,, се многу специфична професија, за која се важни комуникациските вештини. Со текот на годините, искуството може да помогне полесно да се справиме со одредени ситуации, но ако лицето  не се пронаоѓа во оваа професија, ако вистински не му лежи, нема да може подлабоко да навлезе во неа. Овој  текст е за афирмација на професијата, и за барем малку надминување на одредени стереотипи и извртувања.

Сашо Дуљанов, специјалист за односи со јавност

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД