19 Април, 2024
0.0322

ПИК НА ЗАДОЛЖЕНОСТА: Македонија кон странство должи 7,6 милијарди долари!

Објавено во: Финансии 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од 2004 година, или за период од 12 години, надворешната задолженост на Македонија го достигна својот историски пик во 2016 та. Имено, ланската година заврши со Бруто-надворешен долг од 7 645 500 000 долари што е  73,5% од Бруто домашниот производ. Според овој критериум земјава веќе е во групата на високо задолжени економии. Во споредба со 2004 та година, бруто надворешната задолженост во апсолутен износ е зголемена за 4,8 милијарди долари. 

Долговите и трошењата – нотирани од Светска Банка

За прв пат во историјата на Македонија, Бруто – надоврешниот долг намина 8 000 000 000 долари ( осум милијарди долари) во третиот квартал од 2016, кога тој достигна ниво од точно 8,4 милијарди долари. Но, новите податоци што ги објави Народната банка а  кои го вклучуваат и четвртиот економски квартал покажуваат дека ланската 2016 заврши со надворешна задолженост од 7,6 милијарди долари или 73,5% од БДП. 

Ова ниво на Бруто надворешен долг е највисоко од 2004 година, откако се мери нивото на надорешната задолженост. Во исто време, 2016 година заврши и со историски пик за Јавниот долг кој достигна 4,71 милијарди евра што претставува 47,8% од БДП. Растечкиот тренд на задолженоста на македонската економија, заедно со прашањето за кондицијата за редовна отплата на долговите, беа нотирани и во новиот извештај што го објави неодамна Светска Банка. 

Во извештајот е посочено дека лани е регистрирано намалување на  фискалниот дефицит, но како што се наведува, тое е главно  поради нереализирани капитални инвестиции, додека, пак од друга страна, трошењата на социјални трансфери вклучително и пензиите се зголемени. Токму една од клучните пораки беше и  потребата од  фискална консолидација заедно со  структурни реформи , кои треба да водат кон стабилизизација на  јавниот долг. 

„Долгот на Македонија се зголеми, што е загрижувачко, но не толку како во некои други земји во регионот и не е на ниво кое би укажало на некаква криза или проблем во сервисирањето“, оцени  Елен Голдстин, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан. Според Голдстин, Македонија сега треба да се насочи кон намалување на тековните трошења а да се  зголемат инвестиции – условено со  забавување на растот на задолжувањето.

Она што дополнително може да се смета за загрижувачко се намалените проекции за економски раст за годинава, што е значајно за финансиската кондиција на земјата навреме да ги сервисира своите обврски.  

“Спротивно на претходните години, кога Македонија имаше една од највисоките стапки на рас во регионот, ова година Македонија е во долниот дел на табелата и има една од пониските стапки на раст во регионот. Намалувањето на растот главно е последица на намалувањето на инвестиции како последица на политичката криза“ – вели Бојан Шимбов од Светска Банка. 

Дел од економистите во текот на 2016 година, кога нивото на долгот ја премина “писхолошката“ граница од 50 отсто алармираа дека темпото мора да забави со предупредување дека економијата среднорочно нема да може навреме да ги сервисира обврските кон дома и кон странство .

“Ние дневно, благодарение на досегашната Влада предводена од Груевски и од Ахемти, значи дневно плаќаме 400 илјади евра во кеш само за остплата на камати. Свесни ли сме што значи тоа? И сега јас треба да ги “тинтрам“ Груевски и Ахмети. Па подржувачи на Ахмети на пример, седат дома а примаат плата. Токму затоа сега овој двоец не го интересира ниту 10% од државотворност или општествено корисна работа, сега за работи за спасување на гола кожа“, изјави неодамна за “Фактор“, економистот Зоран Витанов.

Следното ново задолжување на Министерството за финансии, преку продажба на државни хартии од вредост ќе се спроведе утре, како дел од најавените аукции на државни хартии од вредност. 

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин