26 Април, 2024
0.0264

ПИН кодови кои што се најлесен плен за хакерите

Објавено во: Стил 02 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Секоја години, милион корисници на дебитни и кредитни картички пријавуваат измама, а еден од најголемите ризици кои што им се заканува е лесниот ПИН код на картичката. Новото истражување на компанијата "DataGenetics" открило десет најчесто користени ПИН комбинации кои што всушност се и најризични и истите може најлесно да се откријат. Според сознанијата на магазинот Форбс, Соединетите Американски Држави и Мексико се земјите со најголем број на измами поврзани со креднитните и дебитните картички. Така, дури 42% од Американците се соочиле со ова непријатно искуство, а податоците на "DataGenetics" укажуваат дека во 25% од случаите хакерите се успешни при погодувањето на ПИН кодот уште во првите дваесет обиди. Тоа не е ни за чудење ако се земе во предвид фактот што најлошите ПИН кодови се оние наједноставните, како што е 1234. За разлика од нив, најдобри ПИН кодови се сите оние кои што немаат никакво посебно значење, а според истражувањата, најретко користен ПИН код е 8068.   Листа на најкористени ПИН кодови:  ●1234 ●1111 ●0000 ●1212 ●7777 ●1004 ●2000 ●4444 ●2222 ●6969

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти