25 Април, 2024
0.0311

Пирамида со 105 катови ќе биде највисокиот хотел во светот

Објавено во: Свет, Македонија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Следната година во Пјонгјанг  ќе биде отворен највисокиот хотел во светот, што преставува обид на Северна Кореа која е притисната од меѓународните санкции и сиромаштијата, да заработи нешто девизи со зајакнување на туризмот.
Хотелот Риугионг, зграда со пирамидна форма со 105 кратови, се гради веќе речиси 30 години, а делумно ќе биде отворен во јули или август, соопштено е работниот Форум во Сеул.
Рето Витвер, директор на германската компанија за хотелски менаџмент „Кемпински“, рече дека оваа фирма ќе биде прва западна компанија која слободно работи во Северна Кораја и ќе управува со новиот хотел, јави агенцијата Блумберг.
- Ова пирамидно чудовиште ќе ги монополизира сите работи во градот. Си реков себе си дека мораме да го добиеме овој хотел како знаеме и умееме, затоа што ќе биде машина за правење пари ако Северна Кореја се отвори, рече Витвер.
„Кемпински“, компанија со седиште во Минхен, ќе се занимава со менаџментот, а египетската холдинг компанија ОТМТ, која се занимава со телекомуникации, ќе го финансира градењето на хотелот во рамките на договорот вреден 400 милиони долари за купување на лиценца за мобилна телефонија која ја доби во 2008 година. Компанијата со седиште во Каиро веќе вложи 180 милиони долари во довршување на хотелската фасада. Витвер (64), швајцарски хотелиер, рече дека Севернокорејците го контактирале уште пред десет години. Прв му се обратил Ри Чол, тогашен амбасадор на Северна Кореја при ОН и ментор на поранешниот лидер Ким Јонг Ун.
Ри барал нов инвеститор за хотел од моментот кога градењето е прекинато во 1993 година поради недостиг на финансиски средства и лошото водење на целата работа, рече Витвер. Риугионг со 330,02 метри ќе биде највисокиот хотел во светот, се наведува во податоците на компанијата „Емпорис“ која собира податоци за зградите од голема јавна или економска вредност

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!