Писмо бомба го повреди екс грчкиот премиер Пападемос
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2017
Од експлозија на писмо бомба поставено во автомобил повреден е поранешниот грчки премиер Лукас Пападемос. Тој заедно со неговиот возач додека поминувале со возилото биле повредени и итно префрлени во болница во Атина.
Се верува дека не се во животна опасност бидејќи повредите биле нанесени на долните екстремитети. Засега ниту една анархистичка или терористичка група не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад. За експлозијата е информиран и актуелниот премиер Ципрас кој учествува на состанок во НАТО.
Пападемос беше назначен за премиер во ноември 2011 година по големата економска криза во земјата и остана на функцијата до мај 2012 година.