Пјонгјанг го обвини Вашингтон дека одбрал политичка, економска и воена конфронтација
Објавено во: Свет 13 Септември, 2017
Северна Кореја се закани на САД со задавање „најболен удар“ откако ОН наметнаа нови санкции на земјата.
Претставникот на Пјонгјанг во УН го обвини Вашингтон дека одбрал „политичка, економска и воена конфронтација“.
Хан Тае Сонг, амбасадор на Северна Кореја во ОН, ги отфрла овие обвинувања.
„Претстојните мерки на Северна Кореја ќе им го зададат на САД најболниот удар што таа земја го доживеала во својата историја. Наместо донесување правилни одлуки преку рационална анализа, режимот во Вашингтон конечно одлучи за политичка, економска и воена конфронтација, опседнат со луд сон за запирање на развојот на нуклеарната сили на Северна Кореја, кој веќе стигна до својата последна фаза”- изјави Тае Сонг на конференцијата на ОН во Женева.
Санкциите на ОН се обид да го намалат горивото и парите на Северна Кореја за развој на програмите за оружје.