20 Април, 2024
0.0299

Платформата на ДУИ прифатена од власта во владин документ уште во 2015 година

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Речиси секој ден од партијата на Никола Груевски преку соопштенија го повикуваат опозицискиот лидер да Зоран Заев да ја отфрли „тиранската платформа“. 

Меѓутоа, во нивните соопштенија не се осмелуваат да кажат дека приближно истата платформата со која албанскиот блок му даде потписи и поддршка на Заев за парламентарно мнозинство, и албанските прашања кои ги содржи таа не се новитет за нивниот лидер открива истражувачката студија на НОВА ТВ .

Фокус пренесувајќи ја таа студија пишува дека „не само што не е новост платформата за Груевски, туку од позиција на премиер тој во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта.

Пишуваат дека Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ.

Сите услови кои лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.

Што се однесува до темите за кои се донесени заклучоци се децентрализација, правична застапеност, употреба на јазиците, образование, недискриминација и заедниците со помалку од 20% во населението, а горливото прашање кое ја крена на нозе граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во однос на употребата на албанскиот јазик во државните институции јасно е дефинирана уште пред една година. 

Во делот на употребата на јазиците во документот меѓу другото пишува:

„Да им се дозволи на сите граѓани да се обраќаат на централните институции на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, без оглед на нивното место на живеење, да се обезбеди превод на подзаконски акти на албански јазик, да се обезбеди автоматско издавање на лични документи на службените јазици за граѓаните од албанската заедница, да се дозволи претседавањето на собраниските седници на албански јазик, да се разјаснат одредбите за јазикот во Законот за локална самоуправа и да се опфати и градот Скопје, да се стандардизира употребата на службените јазици за сите јавни знаци, обезбедување на целосно спроведување и унапредување на јазичните права во судскиот сектор.“, пишува во делот за потребата на јазиците во документот.

На   овој линк може да ја прочитате целата сторија на НОВА ТВ.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан