25 Април, 2024
0.0315

Платите доцнат, почнаа владините реклами; Нови форми на притисок врз лекарите?!?

Објавено во: Економија 10 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

И денеска лекарите излегоа на штрајк, за време на паузата на Клинички центар. Дел од нив, без разлика на исходот веќе сериозно размислуваат да го напуштат јавното здравство поради воведувањето на новата пресметка на платите по учинок посочи денеска претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, Дејан Ставриќ,  што според него е доказ и вистина дека моделот не е добар. Очекуваат средба и со Премерот, кој вети дека ќе ги прими, наспроти игнорирањето на министерот за здравство, Никола Тодоров, на која како што вели Ставриќ ќе се обидат да му укажат дека моделот за плата по учинок е објективно многу лошо решение за јавното здравство. „Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за модификација на истиот. Ниеден лекар во Македонија нема ништо против учиникот како принцип на наградување, но сите имаат против аномалиите во овој модел. Се надеваат дека ќе има слух и дека ќе можеме да му ја презентираме реалната состојба. Јас верувам дека на Премиерот не му е презентирана реалната состојба и вистинската слика во здравството, што вистина се случува, посебно во делот на имплементацијата на моделот“, изјави  Ставриќ. Премерот вчера обвини дека штрајкот на лекарите специјалисти е политички мотивиран, како и дека нема намера да ја менува платата по учинок, но сепак рече дека ќе ги примел на разговор. Во меѓувреме стигнуваат нови удари по лекарите, платата им доцни, а Владата со државни пари снима реклами со кои го промовира моделот за плати по учинок , а во кои лекарите по амбулантите се преставуваат како неработници. Во делот на платите кои на Клинички се даваат најдоцна до 10-ти во месецот, Ставриќ обвинува дека кружат списоци на кои лекарите треба да се потпишат дали штрајкуваат или не, за потоа истите да влијаат врз висината на платите. Според  него ова е незаконско и кривично дело и ако платите навистина се пресметаат врз основа на вакви списоци од Синдикатот најавуваат тужби. Ова е 26 ден од почетокот на штрајкот, а лекарите велат дека ќе останат на своите ставови се до конечно решавање на проблемот.

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст