Платите повисоки од лани, ќе вработат 20.000 работници
Објавено во: Економија, Балкан 11 Февруари, 2017
Во Хрватска во туристичкиот сектор ќе вработат 20.000 работници, а платите ќе бидат повисоки од минатата година.
Сепак, странци нема да се примаат во голем број, затоа што квотите се ограничени.
Процесот на барање на кадри веќе е почнат.
На хрватскиот туризам му се потребни 5.000 работници повеќе од лани.
Сепак, квалификувани и квалитетни кадри тешко се наоѓаат иако невработени се 40.000 луѓе од туристичкиот и угостителски сектор.
Работници се бараат преку огласи, социјални мрежи, преку веб сајтови.
Се нуди бесплатно сместување, храна и повисоки плати.
Се бараат келнери, готвачи, собарки, рецепционери, помошни работници, аниматори и друго.