25 Април, 2024
0.0292

ПЛОДОВИ НА ГЕНИЈАЛНИОТ УМ: Што открил Стивен Хокинг за ширење на вселената?

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Секој кој сака сега може да го преземе и прочита докторатот на Стивен Хокинг.

Хокинг во 1966 година напиша труд во кој ги објаснува својствата на универзумот кој се шири, а студијата сега и јавно ја објави со надеж дека ќе инспирира други.

„Секако, било каде на светот, треба да има бесплатен непречен пристап не само до моите истражувања, туку и на истражувањата на секој голем ум во сите области на науката“, рекол Хокинг.

Кембриџ неговата теза ја нарекува „историска и неодолива“, додавајќи дека веќе е најбаран документ на нивниот отворен сервис „Аполо“.

„За само неколку месеци, универзитетот добил повеќе стотици барања на луѓето кои сакаат да ја прочитаат тезата на професорот Хокинг во целост“, велат од Кембриџ.

Тоа Хокинг го израдувало.

„Секоја генерација стои на рамениците на оние кои отишле пред нив, токму како што јас како млад докторант на Кембриџ бев инспириран од трудовите на Исак Њутн, Џејмс Клерк Максвел и Алберт Ајнштајн. Прекрасно е да се слушне дека толку голем број млади се заинтересирани за мојата теза. Се надевам дека нема да бидат разочарани кога дојдат до неа“, вели Хокинг.

Аполо архивата во која е објавен неговиот труд има 15 000 научни студии, 10 000 слики и 2400 докторски десертации. Меѓутоа, тоа не е голем број, велат од Универзитетот и ги повикуваат другите научници своите трудови да и ги направат достапни на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти