ПО 1000 ЕВРА ЗА МИЛИОН ГРЦИ: Владата ќе дели бонуси за Божиќ
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2017
Грците ќе добијат бонуси од Владата за Божиќ.
Божиќниот подарок или „социјална дивиденда“, ќе им биде даден на околу еден милион Грци. Износот кој секој може да го добие за Божик ќе биде околу 1.000 евра.
Владата ќе потроши 1,2 милијарди евра од буџетскиот вишок за бонуси за социјално загрозените и за граѓаните со средни приходи, објави весникот „То Вима“.
Засега не се знае дали таквите грантови ќе бидат дистрибуирани и до младите луѓе и до невработените.
За да ги добијат овие бонуси, апликантите мора да поднесат барања кои се во согласност со критериумите кои ги наложи Владата.
Помошта ќе се исплати откако Владата ќе го добие согласност од меѓународните кредитори.
Парите ќе дојдат од примарниот буџетски суфицит за оваа година. Износот на овој вишок се очекува да биде поголем од 1,75% од БДП.
Години наназад грчките пензионери добиваат божиќен бонус.