25 Април, 2024
0.0279

По Брегзит ќе биде ли Британија Сингапур во Европа?

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Функционер на германската централна Бундес банка, ја предупреди Велика Британија дека по Брегзит, лондонскиот финански центар Сити најверојатно ќе ја загуби својата сегашна улога на „порта на ЕУ“ за виталните финансиски работи.

Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Бундес банката, вели дека и кога правилата за банкарско работење меѓу Велика Британија и ЕУ би останале идентични, Сити ќе биде „многу далеку“ од пристапот кон заедничкиот пазар на ЕУ.

Во германските банкарски кругови се стравува од можноста Велика Британија по Брегзит да се претвори во „Сингапур во Европа“, намалувајќи ги даноците и олеснувајќи ја финансиската регулатива за да се потикнат банките и бизнисот да инвестираат во земјата. 

Лондонски Сити, сега, претставува финансиски главен град на ЕУ. Повеќе од една третина од целото банкарство, меѓу големите бизниси, владите и пензиските фондови е сместено во Велика Британија.

Скоро 80% од сите девизни трансакции на ЕУ се извршуваат во Сити, низ кој дневно минуваат стотици и илјаднци милијарди фунти промет. 

Дамбрет зборувал на конференција на германските бизнисмени и банкари во Франкфурт, чии детали ги откриваат британските медиум, кои забележуваат дека станува збор за едно од ретките отворени искажувања за тоа каква ќе биде позицијата на Германија во преговорите за Брегзит.

Медиумите во Лондон забележуваат дека германскиот пристап кон истапувањето на Лондон од ЕУ ќе биде „прилично цврст“.

„Сегашниот модел да се користат Лондон и Сити како порта на ЕУ, многу е веројатно дека ќе престане да постои“ - вели  Дамбрет. 

Бундес банката која е одговорна за надгледувањето на банките и на вкупните финансии не ја крие загриженоста од актуелниот засилен тренд за притискање врз меѓународно усогласените стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?