24 Април, 2024
0.0251

По Брегзит – помалку јагоди и млеко за Британците?

Објавено во: Агробизнис, Свет 03 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Земјоделството во Велика Британија се потпира премногу на работници мигранти, чиј пристап до пазарот може да се намали по напуштањето на ЕУ.

Поради недостиг на работна сила во британското земјоделство, англиските семејни фарми објавуваат слободни позиции на сајтови на романски и бугарски јазик. По британското гласање во јуни за излез од Европската унија, постои ризик за земјоделскиот сектор дека ќе нема работници странци како досега.

Фармата Hugh Lowe Farms вработува работници од Централна и Источна Европа, за да произведува 28 тони јагоди секое лето и не е единствената која го прави тоа.

„Навистина сметаме на граѓани надвор од Велика Британија, главно од земји со повисоки нивоа на невработеност и пониски плати"- вели Николас Марстан од Berry Gardens.

Околу 55 000 фрамери не можат да најдат работници, а Националната земјоделска унија во јули испрати писмо до министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, за да изрази загриженост за оваа појава.

Земјоделците во областа на производството на овошје и млечни производи се најранливи, бидејќи се потпираат на сезонски работници, вели аналитичарот на Bloomberg Intelligence, Данкан Фокс. Ова е без да се смета недостигот од годишната  помош од ЕУ кон британските фармери во износ од 3 милијарди фунти годишно.

Производството на овошје и зеленчук, е суштински дел од британското земјоделство. Тоа придонесе со 3,7 милијарди фунти за економија во 2014 година, надминувајќи го дури и производството на жито, покажуваат податоците.

Тешкотии има не само со наоѓање на нискоквалификувани работници, но и со професионалци со долгогодишно искуство и едукација во областа на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари