По изборите во Франција еве што се случува со еврото
Објавено во: Економија 24 Април, 2017
Агенциите пренесуваат дека еврото ја има највисоката вредност од средината на ноември лани.
Еврото скокна во однос на доларот, и во однос на јенот откако стана јасно дека Емануел Макрон и Марин Ле Пен ќе се борат за претседателската фотелја во Франција во вториот круг.
Валутата скокна за 2%. Еврото се тргуваше за 1,09395 долари.
Во однос на јенот еврото порасна за 3%.
Еврото се тргуваше за 119,34 јени.