25 Април, 2024
0.0296

По која цена се продава тутунот?

Објавено во: Агробизнис 10 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Тутунарите годинава имаат солидна цена на тутунот. 

Просечната откупна цена е 190,15 денари за килограм, а количините ги преземаат осум откупувачи. Исплатата е реализирана 46,44%  со префрлени 533 милиони денари. Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун.

Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува таа да заврши со откупени 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишале 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември.

Вкупно 6.040 тони тутун или над 30% од очекувањата за годинашната реколта се откупени заклучно со 3 декември. Тоа е за неполни три недели од почетокот на откупот на 15 ноември.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади