По месеци криење се појави сопругата на Ким Џонг Ун
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
По десетина месеци на криење конечно во јавност се појави Ри Сол Ју, младата сопруга на Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја. Според инфомации на јапонските и корејските аналитичари неговата сопруга морала да биде скриена и добро чувана бидејќи одредени фракции во армијата на Северна Кореја кои биле незадоволни извршиле напади врз режимот на Ким Џонг Ун. Двајцата се појавија на воена вежба на авијацијата кои се подготвуваат за напади на Јужна Кореја.