По Рама и Тачи спомнува обединување на Косово и Албанија
Објавено во: Балкан 19 Април, 2017
Kосовскиот претседател Хашим Тачи вели дека сите Албанци на Балканот ќе живеат во една држава, ако на Косово му биде одбиен прием во ЕУ.
Тој додаде дека „денес Европа нема визија за Косово и Западен Балкан, ја нема главната улога по прашањето за проширување“.
„Ако Европа ја затвори вратата пред Косово, тогаш сите Албанци од регионот ќе заживеат во една земја, за да продолжат со интеграцијата во европското семејство“- рече Тачи.
Претходно слична изјава даде и албанскиот премиер Еди Рама, според кого Албанија и Косово ќе се обединат, ако не бидат примени во ЕУ.
На ова српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави дека создавањето на „Голема Албанија“ е заедничка идеолошка платформа за сите Албанци, која го загрозува Балканскиот регион и цела Европа.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, изјави дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“.