По референдумот лирата го претрка доларот
Објавено во: Економија 18 Април, 2017
Турската лира зајакна во однос на американскиот долар, по референдумот кој се одржа во земјата и ги зголеми овластувањата на претседателот.
Лирата има скок од 3.5% на азиските берзи, објави Хина.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи победа доцна во неделата.
По пребројани 99% од гласовите, за гласаа 51,35%, а против беа 48,65% од оние кои гласаа.
Над 55 милиони Турци имаа шанса да се изјаснат за најголемите реформи во земјата уште од времето на Кемал Ататурк.