По сирење и месо во соседството - купуваат за да заштедат
Објавено во: Финансии, Балкан 02 Февруари, 2017
Како што се зголемуваат цените во Србија, граѓаните семејно одат на шопинг во соседството, а пред се во Унгарија.
Ова најмногу им се исплати на граѓаните од пограничните градови. Во Сегедин купуваат сирење и месо и се облекуваат од глава до пети.
Србите купуваат сирење кое е квалитетно, а при тоа е поевтино за 150 динари.
Пилешкото месо и млечните производи во Унгарија се намалени за 5%.
Се препорачува во Србија веднаш да се купат форинти, наместо евра да се менуваат таму затоа што така повеќе се исплати.
Дел од српските граѓани купуваат и во Босна.
„Купив чинии, чаши и повеќе ми се исплати да одам до Бјелина, отколку да одам и да купувам во Белград“ - вели Милена С.
Србите се почесно практикуваат заради цените бензин да полнат и во соседството.