16 Април, 2024
0.1553

По средбата Заев-Ципрас Нимиц доаѓа во Скопје?

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По средбата на македонскиот премиер, Зоран Заев со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во среда во Давос, за десетина дена како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, се очекува и посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина.

Двете Влади треба да го анализираат предлогот на Нимиц што им го достави на преговарачите од македонска и грчка страна. 

По вчерашниот протест во Солун одржан под мотото „Македонија е една и грчка“, каде што околу 90.000 Грци рекоа „не“ за терминот Македонија во решениетоза името, а меѓудругото беше запалено и македонското знаме, со реакција се јави Македонското министерство за надворешни работи, но и грчките политички партии.

Од Македонското МНР истакнаа дека Владата на Македонија останува посветена на мерките за градење доверба со цел решавање на отворените прашања и изразуваат жалење за како што велат изолираните инциденти, како вчерашниот во Солун.

Инцидент имаше и во Мелбурн каде група Грци кои протестираа нападнаа Македонци кои носеа маички со македонски симболи. 

Владата дејствува тајно и е неспособна да ги одбрани националните интереси, вели Кирјакос Мицотакис, претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија коментирајќи го вчерашниот протест во Солун.

Од владејачката СИРИЗА, преку соопштение коментираат дека никој не го оспорува правото на граѓаните да учествуваат во протести, но и дека не е спорно дека на протестот учествуваа граѓани што немаат никаква врска со радикалната десница.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта