29 Март, 2024
0.0239

По три години невработеноста им падна под 5 проценти

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Стапката на невработеност во Русија падна под 5 проценти во август за прв пат во последните три години. Ова се официјалните статистички податоци објавени денеска. Во исто време, властите почнуваат да се плашат од можен недостаток на работна сила, објави АФП.

Неделниот извештај на Сојузната агенција за статистика Rossstat, исто така, укажува на забрзување на потрошувачката на домаќинствата по падот од јули.

Стапката на невработеност се намали на 4,9 проценти во земјата, што претставува најниска вредност од септември 2014 година, од 5,1 проценти во јули и 5,6 проценти  во јануари.

За разлика од кризата во 2008 - 2009 година,  невработеноста се зголеми сосема слабо за време на рецесијата, која ја погоди Русија во 2015 и 2016 година поради падот на цените на нафтата и западните санкции поради украинската криза, достигнувајќи 6 проценти. 

Демокрафската ситуација во Русија е еден од факторите кои предизвикуваат загриженост меѓу властите и некои економисти дека растот на економијата може да достигне максимум 1,5 проценти во текот на следните години, што е далеку од целите поставени од претседателот Владимир Путин.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап