По векови тргната мермерната плоча врз Исусовата гробница - што има под неа?
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2016
Реставраторите кои работат на Исусовата гробница во Ерусалим за прв пат по многу векови ја тргнале горната мермерна плоча која е поставена многу одамна и ова е неверојатна можност да се види површината која се наоѓа под неа.
- Мермерот која ја покриваше гробницата беше изваден и бевме изненадени од количеството на материјал за пополнување под него“, изјавил археологот Фредрик Хајберт. „Тоа ќе биде долга научна анализа, но конечно ќе можеме да ја видиме оригиналната карпеста површина на која било погребано телото на Исус Христос.
Според досегашните сознанија токму тука во пештерата во стариод дел на Ерусалим било положено Исусовото тело по неговото распнување од Римјаните за по три дена тој да се воскресне.