ПОЧЕТНА ЦЕНА 80 000 ЕВРА: Се продава јахтата на Тито „Јадранка“
Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2017
Некогашната Титова јахта „Јадранка“ изградена во бродоградилиштето „Кралевица“ во 1977 година, е прогласена за непотребна за потребите на државните органи на Црна Гора.
Владата на Црна Гора објави дека таа јахта ќе биде понудена на продажба со посредство на јавно огласување по почетна цена од 80 000 евра.
Токму „Јадранка“ била претседателски брод на маршалот Јосип Броз Тито .
Моторната јахта е долга 34, широка осум метри. Нејзините два дизел мотори и овозможувале максимална брзина од 25 јазли.
Во екипажот имало 14 членови, а можела да прими максимално 40 гости.