Почина еден од клучните сведоци за Диво Насеље
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017
Ниметула Абдулаи, еден од клучните сведоци за осомничената терористичка група која изврши напади во кумановско Диво Насеље, вчера починал.
Според ТВ 21 тој бил вработен во Управата за безбедност и контра разузнавање во Куманово, а по укажаната прва помош во амбулантата во Липково, бил пренесен во болницата во Куманово.
Дел од обвинетите од Куманово, но и од Косово го бараа Ниметула како сведок во процесите, бидејќи од сведоците било истакнато дека како вработен во УБК ги знаел активностите на Кумановската група.
Во моментот се работи на расчистување на околностите под кои починал.