25 Април, 2024
0.0279

Почина војник кој гасел пожар на Криволак

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Војник на АРМ кој учествувал во гасење на пожар предизвикан од планско гаѓање од страна на единица на АРМ по интервенцијата пријавил дека не се чуствува добро, бил пренесен во неготинската болница, но за жал починал.

Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од страна на истражен судија кој извршил увид за смртта на професионалниот војник О.Х. (35).

По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник за што од Генералштабот на АРМ најавуваат дека дополнително ќе ја информира јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг