20 Април, 2024
0.0292

Почна гласањето, се избираат уште 35 градоначалници

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во 7 часот на сите избирачки места без засега пријавени задржувања и проблеми започна гласањето за вториот круг од локалните избори по што ќе бидат познати имињата на уште 35 градоначалници на општини низ држвата. Во вториот круг нема никакви услови па така кандидатот што ќе има било каква победа ќе го добие четири годишниот мандат за градоначалник. 

Во Скопје се гласа во општините Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Гази Баба и Кисела Вода каде право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг можат да гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места. Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници. Гласачките места ќе се отворат во 7 часот, а завршувањето на гласањето е во 19 часот. Првиот круг од изборите се одржа на 15 октомври кога се избраа членовите на советите, градоначалник на Град Скопје и градоначалници на 45 општини.

Вчера се гласаше во казнено поправните установи, а гласаа и внатрешно раселените лица , болните и немоќни, но и оние кои се во куќен притвор. Збирно нивната бројка за гласање во вториот круг изнесува 2.382 гласачи. Од ДИК изјавија дека од раните утрински часови гласањето се одвивало мирно и без инциденти. Гласаа 1.435 лица кои како болни или немоќни или лица во куќен притвор доставиле известување до општинските изборни комисии дека сакаат да гласаат во своите домови, 939 лица кои се во затвор или се во притвор и 8 лица кои се внатрешно раселени.

Од Канцеларијата на народниот правобранител информираа дека на ниво на цела држава околу 50 проценти од затворениците и во првиот круг, но и сега не можат да го исполнат своето право на глас од различни причини. На голем дел од овие затвореници во меѓувреме им истекле документите, но постои и отсуство на информираност во затворите за тоа како и каде можат да си ги обноват своите документи.

За вториот круг од локалните избори Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во рамките на секоја од оние општини во кои ќе се гласа во недела.


Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ