19 Април, 2024
0.0277

ПОЧНУВА ЦИКЛУСОТ САЕМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

На едно место: компаниите кои имаат потреба од вработени и лицата кои бараат работа

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На 18. мај започнува новиот, трет по ред циклус Саеми за вработување во Република Македонија.  Истиот започнува на 18 мај и завршува на 15 јуни 2017 во Скопје, а во тој интервал овој настан ќе се реализира и во други 5 поголеми градови: Штип (26.05.), Кавадарци (30.05.), Битола (06.06), Тетово (08.06.) и Струмица (13.06).

На овогодинешниот циклус Саеми за вработување се очекува голем број работодавачи од Република Македонија да ги претстават нивните потреби за вработување кадар пред најзаинтересираните – лицата кои бараат работа, но и пред широката јавност. Саемите за вработување овозможуваат на лице место работодавачите да ја изнесат својата побарувачка, а лицата заинтересирани за вработување во таа компанија да се информираат непосредно за условите кои се нудат.

Агенцијата за вработување на Република Македонија го иницираше овој циклус Саеми за вработување сè со цел да им се овозможат на младите луѓе блиски средби со потенцијалните работодавачи, како и задоволување на нивните реални потреби од конкретен кадар. Со цел да ја продлабочиме меѓусебната соработка и постојано да ги подобруваме услугите според потребите на двете страни, Агенцијата за вработување на Република Македонија како нивна заедничка точка го организираше Саемот за вработување во вид на караван да се реализира низ целата земја. Очекуваме одзивот да биде голем, а сатисфакцијата взаемна”- изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

До сега се одржани вкупно 2 циклуси Саеми за вработување со учество на 734 работодавачи,  повеќе од 79.000 посетители, a од невработените лица до работодавачите свои биографии (CV) доставиле повеќе од 21.190 лица. Очекуваме и оваа година саемот за вработување да даде директен импакт во однос на целокупната вработеност во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023