Почнуваат најголемите воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја
Објавено во: Свет 04 Декември, 2017
Недела по тестот на најуспешната балистичка ракета на Северна Кореја, денеска САД и Јужна Кореја започнуваат со најголемите заеднички воздухопловни вежби досега пренесе Ројтерс.
Во нив ќе се вклучат 230 авиони, вклучувајќи 6 „невидливи“за радарите, ловците „F-22 Раптр“, уште толку ловци бомбардери од петтата генерација „F-35a“ и 2 стратешки бомбардери „B-1B Ленср“.
Сезонските учења меѓу двете земји ќе траат до петок. Сојузниците ќе „одработуваат различни сценарија, вклучувајќи нанесување на прецизни удари“ во наставни цели, претставувајќи копии на севернокорејски сајтови поврзани со ракетно-нуклеарната програма на Северна Кореја.
Целта на заедничкото учење е да се зајакне подготвеноста и оперативните способности, како и да се обезбеди мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров, истакнуваат од американската армија.
Учењето доаѓа во момент кога тензиите на Корејскиот полуостров се особено тензични кога Северна Кореја прави последователни ракетни тестови.
Во Пјонгјанг, каде пред една недела најнапредна интерконтинентална балистичка ракета, на инат на меѓународните санкции и критики, е осудена како провокација на воено-воздушните маневри на САД и Јужна Кореја. Во Северна Кореја тврдат дека учењата се во состојба да доведат до нуклеарна војна.