ПОЧНУВАТЕ БИЗНИС: Еве како да ја победите конкуренцијата
Објавено во: Економија 17 Март, 2017
Не е лесно да се биде претприемач, но и понатаму голем број луѓе почнуваат свој бизнис за да бидат сaми свои газди и да имаат удобен живот.
Многу мали и средни претпријатија успеваат да работат успешно.Предност на големите корпорации е тоа што сите ги знаат. Со тоа имаат поголема мрежа на луѓе кои ќе ги пробаат нивните производи и услуги.
Вие треба да си ја пронајдете целната група и да направите база на луѓе на кои сте им интересни. Најдете ја својата предност и истакнете ја. Добро размислете што е она што вас ве прави подобар избор од другите.
Ако сакате вашата работа да успее, најдете канал за двонасочна комуникација.
Тргнете ја суетата на страна и потрудете се купувачите да го купат она што го нудите.
Сепка, ништо нема смисла ако немате квалитетен производ. Ништо не се продава полесно од квалитет. Доказ за квалитет се и голем број препораки од корисници.