29 Март, 2024
0.0241

ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ОГРОМНИ

Почвата и родот уништени: Мисли ли некој од што ќе живеат земјоделците во Стајковци?

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Поплавите кои беа кобни за скопскиот регион на почетокот на август ги уништија земјоделските посеви .

Целиот труд и целиот род на овие луѓе им е уништен. Почвата е прекиена со големи наноси од кал, со уништена структура и уништена плодност. Не е можно на неа да се произведе храна. Потребно е таа редовно и правилно да се обработи и да се ѓубри во следните неколку години, за да може да се врати во состојба како пред поплавата на 6 август.

Токму за овие проблеми со кои се соочуваат земјоделците во Стајковци, Јурумлери и Страчинци денеска укажа опозицијата.

Претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ Татјана Прентовиќ запраша  во меѓувреме од што ќе живеат земјоделците и нивните семејства?

„Земјоделците од погодените места  се приморани да произведуваат на уништена почва, со ризик да не добијат род од којшто треба да живеат а да не зборуваме за можните последици од болести штетници или тешки метали врз растенијата, животните и луѓето“, изјави Прентовиќ .

Повторно обвинувања до власта зошто граѓаните од овој дел на главниот град, во 21-от век немаат атмосферска канализација, а каналите во населените места се затнати.

Надлежните пак ветија целосно обештетување на поплавените семејства.

Во Ребалансот на Буџетот кој го помина собранискиот филтер се посочува дека ќе се обезбедат 36,4 милиони евра за отштета, иако претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека за оваа намена се потребни 33 милиони евра.

“Со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се обезбедуваат дополнителни средства во износ од 2.240 милиони денари за постојана резерва за надминување на последиците од настанатата елементарна непогода. Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит“ .

И додека опозицијата и власта се расправаат дел од поплавените семејства уште чекаат помош.

Граѓаните продолжуваат со хуманитарните акции и собираат помош а некои директно ја носат до семејствата на кои им е потребна.

На групата на социјлната мрежа Фејсбук која е насловена како „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ се уште може да се прочитаат бројни барања и апели за помош. 

Некои дури пак тврдат дека не поминала никаква помош ниту пак црвен крст на нивните улици.

Снежана Бојаџиева вели дека таа и нејзиното семејство биле оставени сами на себе.

„Дојдоа ми проценија 100% штета но за жал ме нема на списоците за аванс. Бев до МТВ едвај додјов до еден судски проценител кој по извршената проверка на папките со документи ми рече повторно да поднесам барање во општина да дојдат на увид и ме праша дали сум сликала со мобилен...кога го прашав зошто ога веќе еднаш помина комисијата не знаеше што да ми одговори...ми зема контакт телефон демек ќе ме контактирал во текот на денот но воопшто не се јавил досега..се прашувам зошто мене ме нема на список а сите други околу мене ги има и каде отиде мојата папка...се задолжив за да почнам од нула зошто водата се ми однесе а сега каде нема да можам да ги вратам долговите никогаш нема да можам да купам основни работи за нормален живот ниту пак го санирам ѕидот на собата кој ќе ми падне.. Додека некои непоплавени ќе си ги уредуваат фасадите и купуваат нови работи а јас немам ништо ...“, си ја кажува маката Бојаџиева на социјалната мрежа Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи