19 Април, 2024
0.0350

ПОДАЛЕКУ ОД НИВ: 5 типа колеги, кои треба да ги избегнувате

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

„Со каков се дружиш, таков стануваш и ти“,  рекле луѓето. Затоа важно е да избирате добро не само пријатели, но и колегите со кои комуницирате. Видете кои 5 типови колеги треба да ги избегнувате.

Луѓето се различни и како има што има позитивни и пријатни личности, така има и многу иритирачки и негативни . Во личниот живот човек има поголема моќ на тоа со кого да го поминува своето време и кои луѓе може да ги нарече свои пријатели. За жал, во однос на работното место нештата се малку посложени.

Многу пати човек треба да соработува со непријатен шеф, а понекогаш и со уште полоши колеги. Добрата вест е дека контактите со иритирачки и несоодветни колеги можат да бидат минимизирани или со други зборови - само колку природата на работните обврски бара.

За ваше добро е да ја ограничите комуникацијата со одредени типови на луѓе во вашата работа. Ова ќе се одрази позитивно не само на вашето расположение и емоции, но и на вашите работни достигнувања.

Еве и кои се 5-те типа колеги, кои треба да ги избегнувате:

Хејтер или колегата на кој ништо не му се допаѓа

Хејтерите обично многу сакаат да секираат и да се жалат, бидејќи ги гледаат сите во негативни нијанси. Тие мразат и ги обвинуваат другите за недостаток на успех а ги критикуваат оние кои имаат постигнато повеќе од нив. Негативноста може да биде заразна, па подобро држете се настрана од своите колеги кои се вклопуваат во описот на хејтерот. Успешните луѓе поминуваат време со позитивни и други успешни луѓе, од кои може да научат и да се мотивираат.

Завидлив колега

Како што немате потреба од завидлив пријател, немате потреба и од завидлив колега кој ќе "виси" околу вас. Сличен тип луѓе никогаш нема да се израдуваат на вашите успеси, ниту пак ќе ве охрабруваат во потребните моменти. Нивниот проблем е што не веруваат во сопствените сили и способности, и затоа ја насочуваат агресијата и негативизмот кон другите. Подобро се држите настрана од завидлив колега, за да се чувствувате максимално добро на работното место.

Колегата кој никогаш не си стои на зборот

Овие луѓе ветуваат дадено нешто, но никогаш не ги почитуваат преземените обврски. Обично тие очекуваат вие да ги почитувате нив и нивните каприци. Вашето време сепак е драгоцено, и затоа не треба да бидете блиски со сличен тип колеги. Вршете си ја работата и не се врзувајте за празните ветувања на одреден колега. Научете како да се грижите за себе прво, за да го прикажете најдоброто од себе на работното место.

Колега озборувач

Никој не сака озборувачи, особено на работното место. Тоа се луѓе за кои расправата на работата и животот на другите е многу поважно отколку да си ги исполнат обврските. Многу пати озборувачите можат да бидат и интриганти. Како во животот, така и на работното место, озборувачи обично се луѓе чиј живот е здодевен и поразнобразно зборуваат зад грбот на другите. 

Колега мрзливец

Обично тој симулира работна активност. Мрзеливоста е како епидемија, па треба да бидете особено внимателни со него. Не се врзувајте за штетните навики на своите мрзливи колеги - вие не треба да бидете како нив, ако сакате да постигнете успех на работното место.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре