28 Март, 2024
0.0238

Поддршка од 700 милиони евра во следните пет години за земјоделството

Објавено во: Агробизнис 12 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ќе се зголеми степенот на додадена вредност во земјоделството, квалитетот и продуктивноста, ова е стратешката насока на најновата програма за субвенционирање што се носи за следните пет години, а предвидува вкупно 700 милиони евра поддршка.Според вицепремиерот Пешевски оваа поддршка во наредниот период ќе се фокусира и на руралниот развој, особено на инфраструктурата.

- Добро е позната владината политика за поддршка на земјоделството. Веќе најавивме дека следната програма се проектира на пет години. Разгледуваме документ со кој ќе биде дефиниран начинот за распределба на околу 700 милиони евра што како субвенции ќе ги добијат земјоделците. Промените ќе одат во насока на зголемување на поддршката за стимулирање на квалитетот и продуктивноста, но и на руралниот развој, односно инфраструктурата, истакна Пешевски.

Нашите земјоделци се познати како вредни работници кои прават квалитетни производи. Затоа и треба да им се овозможат дополнителни услови, соодветни патишта и системи за наводнување,современи агротехнички мерки и квалитетни ѓубрива, изјави Пешевски на работна средба со Димовски околу додефинирање на програмата.

- Министерството во изминатиот период презема крупни чекори околу подготовката на материјалот. По додефинирање на програмата која е веќе во завршна фаза, ќе следи јавна дебата. Текстот веќе беше на разгледување пред Советот за земјоделство и рурален развој при МЗШВ од каде добивме одредени препораки што веќе се вградени во содржината, истакна министерот Димовски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи