25 Април, 2024
0.2141

Поддршка од ЕУ за реформите

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со делегација на Европска комисија предводена од амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самјуел Жбогар.

Тема на средбата беа идните приоритети и реформи кои треба да ги спроведе Република Македонија во насока на евроинтегративните процеси. Од страна на претставниците на ЕК беше изразена поддршка за реформските приоритети на Владата во насока на интеграција на земјава во ЕУ.

Беше дискутирано и за подобрување на координацијата, како би се зголемило ползувањето и искористеноста на европските (ИПА) фондови во земјава.

Посебен осврт беше даден на донесување на Стратегија за управување со јавни финансии, за што ЕК ги поздрави заложбите на Министерството за финансии за што побрзо донесување на овој значаен документ, каде приоритет ќе бидат фискалната консолидација и транспарентност во објавувањето на буџетските податоци. Воедно, ЕК продолжува со поддршката во насока на отпочнување на нов циклус за подготовка на Програмата за економски реформи, која е еден од носечките документи во претпристапниот процес на Република Македонија.

На средбата и двете страни ја потврдија јасната заложба на Македонија за членство во Европската Унија. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?