29 Март, 2024
0.0268

Подгответе се да ја поминете зимата во сопствен стан во Маврово

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Секоја година кога ќе дојдат новогодишните празници и ќе паднат температурите мечтаеме колку би било убаво да сме некаде на чист планински воздух, далеку од обврските, од градскиот хаос, и од брзото темпо на живот што ни го налага секојдневието. Еден таков рај во нашата земја е најубавиот национален парк Маврово кој плени со природните окружувања, прекрасната шума, планините, Мавровското езеро. Привлечен е во било кој период во годината, летен период кога се криеме од високите температури, а особено преку зимното време кога сакаме чист воздух и многу снег. Без разлика дали скијате или не, дали сте по некој друг зимски спорт или едноставно сакате прошетки по снегот, идеално би било да имате свој личен простор каде ќе можете да заминете без да се оптоварувате за сместување, хотели и сите проблеми што доаѓаат со тоа.

Колку добро звучи сопствен стан во Маврово? Сега таа замисла може да биде реалност.

Првиот станбен комплекс во Маврово нуди 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел. Становите се со различна квадратура: стан од 33м2, стан од 35м2, стан од 40 м2, стан од 49 м2 и стан од 52 м2.

Оваа најпозната рекреативна населба е центар на случувањата во текот на сите периоди од годината, нудејќи можности за зимски и летни спортови и рекреативни активности.

Сите љубители на планинскиот туризам, сите обожаватели на природните богатства, сите авантуристи што своето прибежиште го наоѓаат во убавините на Македонија, сега имаат одлична можност да уживаат во текот на целата година, далеку од градскиот метеж.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk , фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија