Поднесовте ли годишна даночна пријава? Рокот завршува утре!
Објавено во: Економија 14 Март, 2017
15 март е крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016-та година.
Денеска се очекува околу 40 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје (144.066), а 1.728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-Даночни услуги.
Од УЈП потсетуваат дека нивните даночните канцеларии работат од 8:30 до 18 часот, а граѓаните можат да ја достават Годишната даночната пријава и преку пошта.
Со цел избегнување на метежите, отворени се дополнителни шалтери во Скопје за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).