25 Април, 2024
0.0282

Подобрување на кредитниот рејтинг на „А“, раст на премија и добивка повисока од планираната

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беше во согласност со стратешките насоки, кои што се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност. Групацијата, според неревидираните податоци, оствари добивка пред оданочување во виснина од 95 милиони евра (планираната добивка беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), а профитабилноста на капиталот изнесуваше 11,4%. Деловниот резултат, кој што е повисок од планираниот, првенствено е резултат на успешното работење во осигурителната дејност, додека пак, неповолните околности на финансиските пазари негативно влијаеа врз работењето. Успешното работење во основната дејност влијаеше и на добриот резултат за комбинираниот коефициент на групацијата, кој што изнесува 92,9% (планирана вредност околку 95%). Групацијата, според неревидираните податоци, обезбеди 936 милиони евра бруто консолидирана премија од осигурување и соосигурување (планиран износ околу 900 милиони евра), при што е реализиран раст на премија на сите пазари. Резултатите покажуваат дека одлуката за фокус на продажни активности, коишто обезбедуваат придобивки за клиентите, на сите осигурителни компании во регионот Адриа, како и постигнувањето на висок стандард за сите услуги е вистинската за реализирање на планираната деловна стратегија. Цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беа потврдени од страна на агенциите за кредитен рејтинг, S&P Global Ratings и A.M. Best, кои го зголемија кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав од »А- « на »А«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза.

Добивката на Групацијата повисока од планираната

Според неревидираните податоци, групацијата Триглав оствари добивка пред оданочување во висина од 95 милиони евра (планирана беше помеѓу 80 и 90 милиони евра), како и нето добивка од 82 милиони евра. Матичното друштво 2016-та година ја заврши со добивка пред оданочување во висина од 83 милиони евра и нето добивка во висина од 75 милиони евра. Профитабилноста на капиталот на Групацијата изнесуваше 11,4%, додека на матичното друштво изнесуваше 13,8%. Работењето на групацијата Триглав во 2016-та година беше во согласност со стратешките насоки, кои се базираат на профитабилност и безбедност во работењето, како и на зачувување на финансиската стабилност. Деловниот резултат на Групацијата е повисок од планираниот, што е првенствено последица на успешното работење во осигурителната дејност. Во доменот на вложувањата, на работењето негативно влијаеа сеуште неповолните услови на финансиските пазари, кои што предизвикаа пад во приносот од финансиските вложувања.

Успешно работење во дејноста на осигурување

Групацијата во 2016-та година работеше во делумно поповолни макроекономски услови, како во Словенија, така и во поширокиот регион, што ќе има влијание врз осигурителната дејност во следните години. Како што се очекуваше, ситуацијата на пазарите на осигурување остана комплексна и високо конкурентна. Според неревидираните податоци Групацијата обезбеди 936 милиони евра консолидирана бруто премија од осигурување и соосигурување, а планирано беше околу 900 милиони евра. Веќе втора година по ред се забележува пораст во премија; во 2015-та година тој изнесуваше 3%, а во 2016-та година 2%, т.е. 3%, доколку при споредувањето се земе во предвид продажбата на чешката осигурителна компанија во 2015-та година. Резултатите покажуваат успех во планираните активности, а првенствено укажуваат на доследноста во продажните активности, насочени кон клиентите во сите осигурителни компании на Групацијата, на високиот стандард на сите услуги, зголемувањето на ефикасноста, развојот на внатрешни и надворешни продажни канали, како и активната маркетинг стратегија.

Премијата од неживотното осигурување, која што претставува 65% од консолидираната полисирана премија, се зголеми за 2%, односно за 4% доколку се земе во предвид продажбата на чешката компанија. Премијата од животно осигурување остана на нивото од 2015-та година и покрај високите исплати за доспеани осигурителни полиси. Премијата од здравствени осигурувања порасна за 5%.

Раст на премиите на сите осигурителни пазари на Групацијата

Групацијата Триглав во Словенија обезбеди 2% повисока премија во однос на 2015-та година, што е над растот на словенечкиот осигурителен пазар, којшто изнесуваше 1,5%. На словенечкиот пазар сите три осигурителни компании од Групацијата остварија пораст на премија и тоа, матичното друштво 1%, Триглав Здравствена заваровалница 6%, а Скупна покојнинска дружба 3%. На пазарите вон Словенија просечниот раст на премија на групацијата Триглав изнесуваше 2%, односно 9%, доколку се земе во предвид продажбата на чешката компанија. Највисок раст на премија е реализиран во Србија (22%), додека во Хрватска изнесуваше 8%, во Македонија и во Црна Гора 2% и во Босна и Хецеговина 8%. Во согласност со стратешките насоки, уделот на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување забележа раст од 17,3% на пазарите надвор од Словенија.

Штети и трошоци

Групацијата планираше поголем обем на штетни настани (поплави, град, олуи), споредено со повеќегодишниот просек, со исклучок на 2015-та година, која што беше поволна. Во 2016-та година вкупната вредност на масовни штетни настани на ниво на Групација изнесуваше 19 милиони евра, од кои, како најголеми се издвоија летните олуи со град, априлскиот мраз и локалните поплави во Словенија. Според неревидираните податоци, бруто исплатените штети на ниво на Групација (606 милиони евра) беа за 2% повисоки во споредба со претходната година, додека исплатените штети од матичното друштво (391 милиони евра) беа на исто ниво како во 2015-та година. Бруто оперативните трошоци на Групацијата и на матичното друштво беа за 2% повисоки, споредено со 2015-та година и тоа првенствено поради високите трошоци за аквизиција.

Комбинираниот коефициент подобар од планираниот

Доброто работење во основната дејност на неживотно и здравствено осигурување во 2016-та година е изразено во износот на комбинираниот коефициент на групацијата Триглав од 92,9% (планираната вредност е 95%), додека пак комбинираниот коефициент на матичното друштво изнесуваше87,9%.

Приносите од финансиски вложувања (не вклучувајќи ги приносите од вложувањата на корисниците на животно осигурување, кои го превземаат ризикот на вложување) според неревидираните податоци беа за 27% пониски отколку во 2015 година, првенствено заради пониска нето добивка од продажба на финансиски средства, додека позитивен ефект имаше ре-евалуацијата на финасиските средства. Во 2016-та година групацијата Триглав спроведе инвестициска политика, која што првенствено се заснова на обезбедување на соодветна сигурност и ликвидност на вложувањата, а дури потоа на профитабилност.  Така, Групацијата, во согласност со ситуацијата, преку прилагодување на поедини удели на инвестициски класи ја зачува конзервативната структура на вложувањата, со фокус на првокласни државни обврзници.

Подобрување на бонитетната оценка, постигната планираната финансиска стабилност

Цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето на групација Триглав во 2016-та година ги потврдија и признатите рејтинг агенции S&P Global Ratings и A.M.Best, преку зголемување на бонитетната оценка од »A-« на »A«. Рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза. На високото ниво на финансиска стабилност укажува и зголемувањето на целокупниот капитал за 6% (капитал во износ од 744 милиони евра), како и за 2% зголемените бруто технички резервации на групацијата Триглав (2.661 милион евра). Двете категории се гаранција и основа за балансирано работење и за осигурување на долгорочната безбедност на нашите осигуреници.

Лидерска позиција во Словенија и во регионот Адриа

Групацијата Триглав со своите три осигурителни друштва убедливо ја завзеде лидерската позиција на словенечкиот осигурителен пазар, зголемувајќи го својот пазарен удел за 0,2 процентни поени, кој што сега изнесува 36,2%. Во Словенија, групацијата Триглав на пазарот на неживотни осигурувања обезбеди удел од 44%, на пазарот на животни осигурувања удел од 35%, додека пак на пазарот на здравствени осигурувања удел од 23,5%.

Групацијата Триглав ја зајакна својата положба на пазарот во Србија и во Хрватска, додека во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора го намали својот удел за помалку од 1%, при што компаниите од Македонија и Црна Гора убедливо ја задржаа лидерската позиција.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: »Задоволни сме со работењето во 2016-та година. Ги подобривме кредитните рејтинзи, а деловниот резултат е дури и повисок од планираниот. Влијанието од негативните фактори, првнествено пониските приноси од финансиски вложувања, е делумно помало од очекуваното. Истовремено, успеавме да реализираме релативно висок раст на премија. На нашите поголеми пазари го зголемивме пазарниот удел и го зголемивме уделот на премија од осигурување надвор од границите на Словенија, што е во согласност со нашите стратешки насоки за раст и развој на Групацијата. Во 2017 година продолжуваме со финансиски стабилно и профитабилно работење. Оваа година претставува почеток на новиот четиригодишен стратешки период на групацијата Триглав, а проектите за постигнување на посакуваните стратешки цели веќе се спроведуваат.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка