Добивај вести на Viber
Актуелната управа на компанијата Подравка, предводена од поранешниот градоначалник на Копривница Звонимир Мршиќ, во 2013 година ќе мора да загризе кисело јаболко, од рационализацијата на бројната состојба во погоните. На тоа, како што пишува загрепскиот „Вечерњи лист“, инсистираат пензиските фондови кои држат околу 30 отсто од сопственичкиот капитал во Подравка и кои бараат трошоците на работење да се намалат од 10 до 20 отсто.