23 Април, 2024
0.0269

ПОКРАТКО РАБОТНО ВРЕМЕ: Вработените работат само пет часа дневно, сега фирмата му цвета

Објавено во: Стил 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

На некој за жал, на некој за среќа, осумчасовното работно време не се менувало во последните 100 години , без разлика што информатичката ера претставува најголема промена уште од индустриската револуција а структурата на семејство значајно се променила од раните години на 20 век.

Вработените и понатаму секое утро влегуваат во своите автомбили и се гушат на автпатиштата и така повторно навечер.

Од понеделник сите се згрозуваат. Средите служат да се „претурка“. Петокот наутро донесува олеснување бидејќи доаѓа викенд. Идејата работниците дека мораат да претуркаат 70 отсто од својата недела само за уживаат во останатите 30 отсто е колективно лудило.

Ова се зборовите на сопственикот на фирмата „Товел педл бордс“, Стефан Аристол, кој пред нешто помалку од година дена вовел петчасовно работно време.

„Одлучивме во нашата компанија да работиме поинаку. Го сакам бизнисот со продажба на даски за веслање , така да пократкото работно време го ослободува попладнето на нашите вработени за приватен живот и е совршен спој за нашиот „плажа“ животен стил“, вели тој.

„Одлучивме да воведеме петчасовно работно време, што значи дека сите работат од 8 до 13 часот. Ако елиминираме еден час за ручек, го намаливме работниот ден за два часа. Нашите вработени не се помалку платени и од нив и понатаму очекувам да бидат двојно попродуктивни од просечен работник.

Резултатите се воодушевувачки. Лани бевме прогласени за најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего. Оваа година, нашиот деветчлен тим на вработени ќе создаде приход од девет милиони долари.

Кога им кажувам на луѓето дека мојот тим работи само пет часа дневно, тие одговараат: „Тоа е убаво, но нам не ни се исплаќа“. Работното време од 9 до 5 е толку вкоренето во нивниот начин на размислување да не може да замислат ништо друго. 

Вистината е дека можете да го намалите бројот на работни часа за 30 отсто и да останете на исто ниво на продуктивност. Еве зошто:

1. Луѓето не се машини. Само затоа што сте врзани осум часа за бирото не значи дека сте продуктивни. Дури и најдобрите вработени веројатно постигнуваат два до три часа ефективна работа.  Работните денови од пет часа овозможуваат нивната енергија да биде на оптимално ниво и да бидат ефикасни.

2. Среќата поттикува продутивност. Студиите покажуваат дека среќните работници се попродуктивни и има логика: да се има време за сопствен интерес, негување на врски со блиските и да се биде активен дава многу повеќе енергија и психички и физички.

3. Помалку време дава подобар фокус и прави подобро да ги извршите приоритетите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган