16 Април, 2024
0.0234

Пол Мејсон ослабна, но Британија троши по 30 милиони фунти годишно за дебелината!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Даночните обврзници во Велика Британија плаќаат помош во износ од 29 милиони фунти годишно, за оние лица кои имаат проблем со прекумерната тежина и не може да одат на работа. Само во текот на 2011 и 2012 година, вкупно 7 080 луѓе на оваа држава имале можност да ги користат овие бенефиции, согласно медицинската дијагноза. Државата троши пари и за брза помош и услуги на овие луѓе, бидејќи тие често имаат потреба од посебна помош, пишуваат британските медиуми, кои информираа дека владата е решена да ја намали ваквата помош кај 6 од 10 луѓе во Велика Британија, кои добиваат пари за дебелината. Премиерот Дејвид Камерон не се согласува со тоа дека намалувањето или запирање на помошта за лицата со  прекумерната тежина е суров чекор. За британските медиуми тој изјави дека најдобро за луѓето е „да им се најде соодветна работа". Како Велика Британија се грижи за државјаните со многу килограми? Даночните обврзници потрошиле вкупно 1 милион фунти до сега за Пол Мејсон, најдебелиот човек во Велика Британија. Тој има 51 година и не може да работи, поради својата тежина, иако е ослабел од 444 килограми до 152 килограми. Државата му изградила специјален бунгалови, во кој тој сега живее. Пред тоа пожарникарите требало да срушат ѕидот за да стигнат до него, кога Мејсон бил во својот најдебел период. Освен помошта, тој почнал да се занимава со правење накит, кој сега се обидува да го продаде.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре