25 Април, 2024
0.1139

Пола милион продадени купони на Grouper.mk

Објавено во: Мои пари 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Првиот македонски сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој започна со работа во 2011 година, со објавени над 15.000 зделки за над 110.000 корисници од страна на 2000 соработници, денес оствари пола милион продадени купони.

Беше вистински предизвик да се започне онлајн бизнис во 2011 година кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн. Можеби е едноставно да се искористат можностите, но да се прифати ризикот и пречките да се претворат во предности - тоа е вистински претприемачки успех. Направивме револуција во е-трговијата како резултат на напорна работа, знаење и постојано учење, посветеност 24/7, добар тајминг и добар тим и постојано адаптирање на промените. – вели Нина Ангеловска, директор и ко-основач на Grouper.mk.

Најголемо учество или 37% во остварените пола милион продажби имаат зделките за храна и пијалок, додека на второ место се патувањата со 19% кои воедно ја преставуваат и најпосетуваната и најатрактивна категорија на Grouper.mk.

A_Nina“Ние во Grouper постојано иновираме и ги следиме трендовите, а нашите корисници брзо се прилагодуваат и ги ценат бенефитите кои тие ги овозможуваат. Купувањето преку мобилната апликација (Grouper.mk App) е во постојан пораст, а изминатиот месец достигнавме 50.000 инсталации на Android мобилната апликација. Корисниците ги ценат придобивкие кои ги нуди апликацијата како: купување било кога од било каде во движење, непосредно користење на купонот без печатење со едноставно покажување и многу други. Со ова и нашите соработници добиваат бенефит во однос на промоцијата на нивните бизниси.“– додава Нина.

Grouper го промени пазарот на е-трговија и предизвика вистинска револуција во онлајн купувањето. Според последните податоци за Информатичко Општество од Државниот завод за статистика во 2015та година веќе повеќе од 15% од населението купувало онлајн.

Во однос на Grouper продажбата, во 2015 година 30% од купувањата биле направени преку мобилен уред, а во првата половина на оваа година веќе 40% од продадените купони се купени преку мобилен уред и тоа најголемиот дел преку мобилната апликација.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет