Поларна зима на Балканот - маж премрзна во БиХ
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017
Возрасен маж почина од премрзнување во околината на Фоча во источна Босна и Херцеговина.
Тој е првата жртва на студениот бран, кој ја зафати земјата во првите денови од јануари.
Полицијата потврди денеска дека телото на 88-годишниот маж било пронајдено вчера во шума покрај селото Милевина.
Телото е пронајдено од ловци. Мажот бил облечен во тенка облека и се претпоставува дека починал во текот на ноќта, кога температурата паднала до -15 степени.
Босанските метеоролози предупредуваат дека следните денови во БиХ пристигнува нов студен бран. Во Сараево во текот на викендот се очекуваат температури до - 22 степени Целзиусови во текот на ноќта, а дневните ќе достигнат околу 12 степени.
Целиот Балкан е зафатен од студен бран, а во делови има и снег.
Проблеми во сообраќајот има во Хрватска, БиХ, и Србија.