29 Март, 2024
0.0252

Полицаец по бркотница и пружање отпор пукал во малолетници во Струмица

Објавено во: Македонија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

По бркотница со автомобил и пружање отпор полицаец отворил оган од службениот пиштол со кој ранил две малолетни момчиња од Струмица. 

Вчера околу пладне по пријава за обид за кражба во близина на браната Мантово, полицајци од СВР Струмица се обиделе да го запрат возилото „опел фронтера“ со словенечки регистарски таблички управувано од 17-годишно момче.

Во возилото биле четири малолетни момчиња. Неофицијално, малолетникот кој го управувал возилото не ја почитувал наредбата на полицајците да запре и побегнал по локален земјен пат во правец на градската капела во Струмица.

Со две полициски возила, возилото на  малолетниците било запрено на излезот од Струмица и во моментот кога еден од полицајците се приближил до возилото бил нападнат од возачот. Полицаецот во самоодбрана испукал куршум од службеното оружје и ги повредил малолетниот 17-годишен возач и уште едно 16-годишно момче. Во Медицинскиот центар Струмица на повредените им биле констатирани повреди од огнено оружје.

На местото на инцидентот излегол јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот е вклучена и внатрешната контрола на МВР која ја испитува постапката на полициските службеници.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење