Полиција ги чува црквите на Косово
Објавено во: Балкан 15 Април, 2017
Полицијата во Косово презема 24-часовна заштита на сите цркви за Велигден, објавија локалните медиуми.
Наместо 8 часа косовските полицајци ќе работат по 12 часа, прекинати се и одморите на сите полициски службеници, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Милан Радоевиќ.
Претходно таква заштита имаше на главниот храм „Мајка Тереза” во Приштина, сега за првпат ќе има 24-часовна заштита на сите цркви во државата.
Амбасадата на САД им препорача на американските граѓани да бидат внимателни и да преземат мерки за личната безбедност. Медиумите во Приштина пишуваа вчера дека силите за безбедност во Косово “се вознемирени од заканите за терористички напади” пред Велигден.