ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Хрват намерно предизвикал 25 пожари
Објавено во: Балкан 11 Август, 2017
На Истра полицијата уапси 44-годишен маж осомничен дека минатата година со запалка намерно подметнал 25 пожари.
Со тоа сторил кривично дело доведување во опасност на животот и имотот со опасно орудие или средство.
Осомничениот од февруари до 9 август предизвикал 25 пожари со палење на трева, при што огнот се ширел поради временските услови.
Само во еден пожар изгореле околу 1,5 хектар нискостеблеста шума и 45 маслинови дрвца.
Полицијата соопшти дека ќе ја продолжи истрагата за да утврди дали истиот маж предизвикал и други пожари лани во реонот од Бује до Умаг.