Полицијата привела 4 лица за насилствата во Собранието?
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Полицијата привела 4 лица од вкупо 15 кои ги бара Јавното обвинителство во врска со упадот и насилството во Собранието, дознава АЛСАТ М од неофицијални извори.
Еден од четворицата, велат истите извори, е началник во Управата за безбедност и контраразузнавање. Останатите 11 по кои се трага засега се недостапни за полицијата. Сите 15 лица по кои од синоќа трага МВР, неофицијално, се дел од групата која упадна во прес центарот на Собранието.