20 Април, 2024
0.0278

Полицијата се уште трага по насилниците и организаторите на протестите!

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба да се приведат 15 учесници во насилствата врз пратениците. МВР трага по нив и тие ако бидат пронајдени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. 

На списокот кој МВР му го достави до Обвинителството се и четворица организатори на протестите на „Иницијативата за заедничка Македонија“, кои секој ден во изминатите два месеца ги предводеа приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ. За организаторите се бара мерка притвор.  

За нив се обезбедени докази дека биле организатори и водачи и на насилството врз пратениците кое се случи во четвртокот во Парламентот. Станува збор за фронтмените на протестите Б.Д,  Б.И, В.Ј.и И.Д. 

Два дена по насилствата конечно преку соопштение со огласи јавниот обвинител Марко Зврлевски. Оттаму велат дека постојано се во комуникација со Министерството за внатрешни работи за да ги идентификуваат учесниците во нередите.  

„Поради обемноста во постапувањето на обвинителството до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но согласно потребите бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а се во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично правни настани“, соопшти обвинителството.

Од парични казни до десет години затвор

Она што е најсимптоматично е дека засега не е дефинирано кривичното дело за кое ќе се гонат насилниците. Ако одговараат за обид за убиство и насилство со тешки последици тогаш казните се движат и до десет години затвор. Но, ако се товарат за учество во толпа, тепачите можат да поминат и со парични казни. Зврлевски тврди дека немало пазарење за кривичното дело и тоа допрва ќе се утврдувало. 

„До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела. Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице  за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство Скопје нема направено никаква преквалификација на било кое кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација“.

Обвинителството не соопштува колку лица досега се лишени од слобода. За тоа ќе известеле кога ќе се создаделе услови и откако надлежните јавни обвинители ќе завршеле со првично утврдување на фактите.

СДСМ, пак, вчера обелодени дека поседува сериозни докази коишто упатуваат на тоа дека во четвртокот во Собранието беше извршено кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

„Имаме фотографии, видео материјали и други докази и знаеме кои се лицата кои со и без маски извршија обид за убиство на пратеници во Собранието, коишто напаѓаа новинари и вработени во Собранието, рече Шилегов на прес конференцијата додавајќи дека доказите ќе ги достават до надлежните институции“, изјави пратеникот Петре Шилегов.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра