17 Декември, 2017
0.4238
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Политичарите си ја завршуваат кампањата, на ред се граѓаните

Објавено во: Колумни 13 Октомври, 2017

Денес до полноќ политичарите ќе имаат можност да им се претстават на граѓаните и да ги убедат дека ако ги одберат нив ќе го направат вистинскиот избор. Од утре почнува изборниот молк по дваесетина дена предизборна кампања, за во недела како што обично милуваат да кажат политичарите да го имаме празникот на демократијата кога граѓаните ќе може да го искажат својот глас давајќи им доверба на кандидатите.

Оваа кампања помина во далеку посмирена и постабилна состојба во однос на декември минатата година кога предвремените парламентарни избори беа прашање на „живот и смрт“ и водеа кон конечно решавање на долгата и исцрпувачка политичка и општествена криза во Македонија.

Сега, ако ништо друго барем и гласачите ќе имаат еден товар помалку, па така полесно ќе може да се одлучат за кого ќе гласаат без непотребни тензии и се надеваме мирен, демократски и фер изборен ден. Локалните избори секогаш носеле свои предизвици, имало инциденти и судир бидејќи поделбата на општинската моќ е многу значајна за партиите, особено за нивните поединци кои сакаат шерифски да управуваат и да си ги развиваат своите бизниси, а помалку да работат и да го реализираат тоа што го ветиле.

Тоа што недостасуваше во екот на досегашната кампања се за жал самите граѓани, освен симпатизерите што се појавија на митинзи и активистите кои беа на терен. Никако да го направиме тој граѓански исчекор дека од нас зависи, особено на локалните избори бидејќи моќта е кај граѓаните, тие го прават изборот, тие може и да го сменат изборот. 

Првиот круг на гласање можеби ќе донесе победници во повеќе општини и со тоа приказната ќе заврши, но таму каде што ќе има втор круг ќе биде одлична шанса со дополнителните две недели кампања да се направи нов притисок од страна на гласачите дека се целосно свесни за своите права, дека се сосема свесни за условите во кои живеат и дека знаат што им е потребно. 

Нивните барања треба да се приоритет за кандидатите кои во кампањата ветуваат се и сешто, најчесто прималиви и популистички проекти за поретко да се занимаваат со реалните, инфраструктурните, но и воопшто целокупните услови за живот во една општина, нејзиниот дух, идентитет и реализираност на меѓучовечките потенцијали. 

Најчесто во екот на кампањата ги критикуваме политичарите за грешките во нивната комуникација со граѓаните, за лошите потези и грешки, но еднаш мора да го впериме прстот и во самите граѓаните бидејќи сепак станува збор за локални избори каде развојот на локалната демократија и вклученоста на жителите во процесот на носење на одлуки треба да биде императив, а не стихијност и чекање „пет до дванаесет“ да настане проблем за потоа да се реагира.

Затоа имате уште десетина часа на располагање што подобро да се запознаете со кандидатите за градоначалници и советници за вашата општина како и нивните програми. Можете и да ги посетите нивните штабови прашувајќи за горливите теми кои вас ве интересираат, дадете до знаење дека вашиот глас вреди и дека кој и да биде градоначалник ќе мора да се потруди за да го задржи.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Гноиво од кое расте сето зло

Гноиво од кое расте сето зло

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Партијата не е државата

Партијата не е државата

Путин,Путин...уште шест години!

Путин,Путин...уште шест години!