19 Март, 2024
0.0294

Политички тиради за збогување

Објавено во: Македонија, Колумни 15 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

И сепак на крајот маските паднаа. Стакленото звоно во кое горе на Олимп, „големите патриоти“ решаваа за судбината на Македонците и на граѓаните на Македонија, опиени од мирисот на нектар/власта (според СЈО, незаслужена, украдена, злоупотребена), се истркала низ падините на Олимп и се искрши во парампарчиња. „Големиот патриотизам“ и „дил ориентит“ илузијата отстапија пред фактографијата на СЈО за фалсификување на избори, злосторничко здружување, општ арамилок во сите социјални сегменти, низа обвинителни акти и асоцијации за „патот кон Шутка или Идризово“. Аристотел одамна како да им предвидел „дека деновите кога елитите беа во можност да ги скријат своите нечесни зделки се изброени“. Според него, кога власта знае се за граѓаните, а граѓаните не знаат многу за власта, тоа е тиранија. А кога граѓаните знаат сè за власта, а власта знае малку за граѓаните, тоа е демократија. Македонските граѓани ја имаа таа (не)среќа наведените сознанија на овој грандиозен ум да ги почувствуваат на своите плеќи. Аристотел додава и дека за да се заштитат граѓаните во репресивните режими ќе требаат силни инструменти. Притоа, транспарентноста ни е потребна како средство за дезинфекција.

Тешко дека рационалниот ум може да му приговори нешто на овие размислувања. Меѓутоа, ниското ниво на „критички ум“ во таборот на Груевски, ги пропуштил размислувањата на „практичниот ум“ и пораките на наталоженото искуство на политиката и на политичарите низ вековите. Не дека Груевски, неговите серванти и многумината (велат, дебело наградени) советници околу нив мислеа дека со нив почнува светот, но сигурно мислеа дека ним никој ништо не им може. Дека никој не може и не смее да ги следи, оценува или, не дај Боже, да ги контролира и да се спротивстави на нивните „идеи, проекти, прекројувања на етносот и генот, и слично“, што се покажа како убитачно и за инспираторите и за граѓаните. Од постапки кои не смеат да се контролираат од никој неповикан, добивме неконтролабилни постапки на самите главни субјекти, учесници, актери „одговорни за историските процеси во македонското општество“.

Но историјата умее да подучи, или да опомене, а потоа и да казни ако не се послуша гласот на разумот. Компанијата „Груевски и останатите“ опиени од моќта на власта и нереалната претстава за минливоста на мандатот се изгуби во лавиринтите на сопствените незадоволени амбиции кои сепак почиваа врз комплексот „лично, безочно, неограничено лично богатење“, кое ја истисна амбицијата на вистинската политика која се преточува во комплексот „личен придонес во натамошниот историски прогресивен исчекор на моите гласачи и на мојата татковина“. Недостатокот на ваков сенс ја замаглува сликата за објективното, а вината за последиците ја префрла врз некаква одмазда што им ја прават неистомислениците, врз странскиот фактор, врз заведените гласачи, врз некои етнички групи и слични помаргинализирани причини. Во ваквиот галиматијас нема место за признавање на сопствена вина за неуспехот, како и за правната и политичка одговорност. Тоа се затскрива позади некакви надворешни „атаци врз ВМРО“ со цел да се порази Македонија. Значи, правната разврска на прислушкувањето е напад врз ВМРО како синоним на ослободителната борба на Македонците во еден дел од историјата на македонскиот простор, а не напад врз злоупотребата на власта на врхушката на политичката партија ВМРО ДПМНЕ. Ова го порача Никола Груевски во говор полн со закани и непријателски интониран кон сопствениот народ, кого го исподели на патриоти и предавници, и кон сите оние кои развојот на македонската држава го врзуваат со демократија, слобода, правда, еднаквост и човекови права. Ни еден збор за евентуална вина за неговиот и нивниот (на припадниците на булументата) придонес за драматичните состојби во кои се наоѓа Македонија како последица на нивното аматерско и безмилосно тиранско владеење (Аристотел).

Политичките тиради, кои, до вчера семоќниот Вожд на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, а по повод обвиненијата на СЈО постојано ги повторува пред македонската јавност и далеку од можните новинарски прашања, како да е веројатно неговото збогување од улогата на лидер, но и на слободен граѓанин. Сега тој ќе биде должен да се јавува постојано и навремено пред истражните органи. Заедно со неговите соработници и асистенти во дејанијата од прислушкуваните разговори. Не е познато како сето тоа ќе заврши, но едно е јасно како ден – последиците од неговото владеење ќе се чувствуваат долго време и ќе бидат предмет на академска опсервација. Треба да се одгонетнат корените на диктатурата и нејзините димензии во македонското општество. Сознанијата за овој нехуман начин на владеење се потребни за една цел – како да се спречи и никогаш повеќе да не се повтори оваа несреќа.

А можеше Вождот Груевски барем еднаш да биде голем и да му се извини на народот за сите неволји и измами. Делумно ќе си го испереше името пред историјата, која се’ помни. Меѓутоа, тоа можат да го направат само големи луѓе, иако Елтон Џон во една своја песна пее: „Sorry is the hardest word“…

Ѓорѓи Тоновски

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД