Добивај вести на Viber
Американската организација „Глобал фајненшл интегрити“ во својот извештај констатира дека од Македонија годишно исчезнуваат во просек 461 милион долари. Нашата земја е рангирана на 76 место од вкупно 143 земји од кои нелегално се влечат пари, а анализта се однесува на периодот од 2001 до 2010 година.
Со дури пет милијарди исчезнати долари, Србија е најлошо рангирана од балканските земји, што ја смести на високото 16 место, Бугарија е 38-то, едно место подолу е Хрватска, Црна Гора на 50-то, Романија на 55-то, Босна на 57-то, додека Албанија е рангирана на 106-то место.
Просечните суми извлечени пари се добиени преку споредба на различни податоци во увозот и извозот на секоја земја посебно, кои покажуваат дека компаниите пријавиле помал извоз и заработка од реалната, или дека увезле и платиле значително повеќе од вистинската вредност.